Три наслови, два чинители, една едиција.

Милион контроверзности.

Издавачката куќа Ars Libris овој месец започна со нова едиција под насловот „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“,  која што од 14.11.2014 е достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во сите продажни места на МПМ. Ако Ви се допаѓа политичкиот трилер општо како жарн – размислите уште еднаш. Не е сеедно да се читаат мемоари, биографии или романи посветени на големите политичари и јавни политички личности кои живееле во едно друго време; наспроти соочувањето со застрашувачките животни стилови на едни од најголемите имиња во современата политика. Ни помалку, повеќе: туку, раскажани преку искуствата на нивните сопруги.

1.1

  1. „Харемот на Гадафи“ од Аник Кожане првата книга од оваа едиција, којашто ја раскажува приказната на Сораја. Сораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател.
  2. „Падот на Берлускони“ како втора во едицијата, потпишана во коавторство на Леонардо Коен и Паоло Колонело ја проследува полициската истрага што почнува со обична кавга на проститутки на 5 јуни 2010 година, а завршува со разоткривање на оргијастичните бунга-бунга забави на италијанскиот премиер и неговата неотповиклива оставка од функцијата.
  3. „Карла Бруни и Никола Саркози“ од Валери Бенаим, Ивен Азеруал и Софија Капоне е последната, трета книга од оваа едиција која пружа увид во заткулисните приказни на најпознатиот француски пар и обид да се одговори на често поставуваното прашање: како една девојка со реномето на Бруни (чија листа на поранешни партнери ги вклучува и Мик Џегер и Ерик Клептон) станува првата дама на Франција?
СПОДЕЛИ
Претходна објаваОригинални мурали | DALeast
Следна објаваH&M: Зимска колекција за домот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР