Ако воопшто постои нешто што дополнително може да ги збогати, подобри или унапреди драмите на Шекспир, енигмата која носи име, дали би биле љубопитни да откриете што би можело да биде тоа? Дури и ако цели 10 години сме живееле во незнаење?
Како замена на неговите најпрепознатливи карактери, уметницата Susan Herbert создава серија Шекспирови мачки, сместувајќи ги во книга која е издадена во 2004 година. Делумно шеговито, делумно симпатично – нејзината книга брои 32 слики кои ги пресоздаваат иконските сцени од најпознатите драми, со мачки во главните улоги. Мачките се совршено инфилтирани во улогите на крал Леар, Ромео и Јулија; во сцените од Сон на летната ноќ и Магбет… само како претпоставка, средношколците сигурно повеќе би сакале да ги обработуваат верзиите кои си содржат замислите на Susan Herbert!