Животно семе (Extant)

Со Pickbox ѕирнете во не толку далечната иднина, во која Горан Вишњиќ и Хали Бери се брачна двојка во серијата Животно семе (Extant), а во која го спасуваат своето семејство, но и човештвото. Впрочем, Моли, која ја игра Хали Бери, од мисија во вселената се враќа бремена, иако сите 13 месеци од мисијата во вселенската капсула ги поминала сосема сама.

extant

Бебињата вонземјани и децата роботи со вештачка интелигенција се совршен зачин на секоја научно-фантастична приказна, но Животно семе пред сѐ е семејна приказна. Иднината во серијата не е утопија, ниту пак е заедница во која сѐ е лошо, туку се потпира врз глобалната параноја и теоријата на завера за да се врати на семејните корени и на животот, кој не е возможно да биде уништен.

Извршниот продуцент на серијата, Стивен Спилберг, вели дека веднаш го привлекла приказната за Моли, во која се работи за нејзиниот однос со сопругот и за тоа што се случува кога таа се враќа дома бремена, не знаејќи кој е таткото. Уште полошо е тоа што можеби таткото воопшто не е ни живо суштество. Работата е дополнително заплеткана со оглед на тоа што Моли и нејзиниот сопруг со години се обидувале да зачнат сопствено дете што било невозможно поради тоа што таа не можела да забремени. Токму затоа Џон (Горан Вишњиќ) развива робот со вештачка интелигенција, кој го огледуваат како нивен син.

Спилберг не сакал прецизно да определи кога во иднината се случува дејството на серијата. Автомобилите изгледаат како да се работи за многу блиска иднина, исто како и општата средина во која се одвива Животно семе. Сакал гледачите да можат да се соживеат со серијата и светот да не им биде одбивен бидејќи изгледа како нешто невозможно.

Со оглед на тоа што гледачите сакаат да гледаат серии кои ги изненадуваат, ги шокираат и ги возбудуваат, нема да откриеме повеќе, туку само дека сето тоа го има во Животно семе и дека е најавено снимање на нова сезона.

Серијата, со македонски превод, е достапна преку регионалната интернет телевизија – Pickbox.

Улоги:

Хали Бери (Моли Вудс)

Горан Вишњиќ (Џон Вудс)

Пирс Гањон (Итан Вудс)

Хиројуки Санада (Хидеки Јасумото)

Камрин Манхајм (Сем Бартон)

Грејс Гамер (Џули Гелино)

Мајкл О’Нил (Алвин Спаркс)

goran visnjic i halle berry foto

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ:

Стивен Спилберг и научно-фантастичните проекти

Стивен Спилберг отсекогаш го интересирале филмови и серии со научно-фантастична тематика. Од Блиски средби од трет вид од 1977 година и од светскиот хит Е. Т. од 1982 година, Спилберг речиси 40 години е внесен во идејата за вонземјани и вселенски патувања, а тоа е проследено и со технологија од иднината. Кога го прашале дали е горд што во 2002 година, во филмот Малцински извештај (Minority Report), многу прецизно предвиде дека рекламите ќе се прикажуваат индивидуално, на секој поединечен потрошувач, на пр. во сцената кога Том Круз влегува во продавница за облека од брендот ГАП, а видеорекламата му се обраќа по личното име, тој одговорил: „Горд сум, но тоа е меч со две острици. Навистина сум многу горд на сите иновации на кои моите соработници и јас се сетивме кога ја подготвувавме приказната за филмот Малцински извештај, кој се одвива во блиската иднина. Но, исто толку сум и лут на самиот себе поради тоа што не ги патентирав сите тие идеи, бидејќи ако го сторев тоа, сега ќе бев сопственик на Facebook и на iPhone. Ех, да можев да предвидам дека тоа навистина ќе биде нашата иднина, а не научна фантастика, дека наскоро ќе имаме технолошка платформа која ќе ни овозможи нашите прсти да нѐ однесат во светот на информациите! Писателите од научно-фантастичниот жанр денес пишуваат како ќе изгледа светот во иднината, а набргу сета таа технологија ни е на дофат на рацете. Секогаш ми е интересно дека тоа за што писателите на научна-фантастика фантазираат како за некоја далечна иднина, всушност се остварува за 7 до 10 години.“

 

Хали Бери за Горан Вишњиќ

Хали Бери како мегаѕвезда на филмското платно, првата црна жена која во 2001 година освои Оскар за главната женска улога во филмот Бал на монструми (Monster’s Ball), преку серијата Животно семе се врати на телевизијата првпат по последното појавување во 1991 година. За Горан Вишњиќ, партнерот во оваа напната научно-фантастична серија има само пофални зборови:

„Се воодушевив кога слушнав дека Горан Вишњиќ ќе го глуми мојот сопруг. Голема обожавателка сум на Горан откако го гледав Почетници (Beginners) каде го забележав неговиот огромен талент и веднаш посакав некогаш да работам со него ако се создаде шанса. Мислам дека тој е совршен во улогата на Џон, дека одлично ја отсликува личноста која ги обединува умствената и физичката сила. Тој е многу секси, но пред сѐ е научник, интелигентен и посветен на својот проект. Горан е семеен човек, таков му е карактерот, а тоа совршено ѝ одговара на оваа улога.“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛевиот брег на Сена – Кејт Муир
Следна објаваКако правилно да ја поставите масата за јадење?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР