.2.

Се чини дека секоја книга поврзана со Париз е во суштина, љубовно писмо кон градот: романот кој на прв поглед потсетува на чик-лит; додека суштествено третира длабока филозофска тема не е многу популарен во белетристичните кругови. А сепак, Daily Mail го оценува како „Не очекуваме да најдеме поубаво напишана или поуживачка книга оваа година“, истата 2006 година. Авторката која што завршила политички науки и новинарство и пишувала за престижниот The Times; не’ води на патување низ, за многумина, најубавиот град на светот. Првенствена асоцијација: европскиот животен стил на славните и богатите сместен на најатрактивната француска локација во универзалната метропола. Втор впечаток, евтина љубовна драма која е своевидно поистоветување со скандалозниот Џад Лоу. Подгответе се за навидум мирната сторија заснована на сплетки, која ќе Ве измами во францускиот ролерколстер на лаги…

„А Париз, Париз е празник во движење…“

– ќе напише Иго за овој вонвременски град, не стравувајќи дека во истата фраза се содржани и лицето и опачината на кажаното. Од левата страна на реката Сена, поминувајќи долж средината на поплочената патека, едноставно не засрамува фактот што сме жртви на предрасуди – животот на нуклеарното семејство Мален е реалност со полн сјај на идеалност: Оливие е млад филозоф, вљубеник во Сартр и приврзаник на егоизмот и боемството, во брак со американска ѕвездичка на нискобуџетни филмови, атрактивната и самобендисана Медисон, кои животот ги благословил со ќеркичка. По сите изгледи, никој не претпоставува дека поради напорните кариери и јазот во размислувањата тие имаат отворен брак. Како тоа да е некоја си њус-појава во денешниот свет. И каде е тука грижата за малечката Сабине? Ни помалку ни повеќе, туку со дадилка. Ана, новодојдениот лик во нивниот евидентно стеснат и напнат круг на блискост, но исполнет со восхит, комплименти и завист од околината станува поттик истите да се искоренат на различен начин. Имено, како предизвик се појавува делумно безопасната Ана, која е задолжена да ја чува нивната малечка.
Поттик кој ќе ги потсети на опаднатите животни вредности. Поттик кој ќе направи да ја препознаете ситуацијата уште пред да ја конзумирате содржината на „Левиот брег на Сена“. Можеби на момент ќе Ве замисли и ќе ја осудите дека наликува на романче за широка потрошувачка, со примеси на неверство, доза интриги и трачеви… но неповторливиот Париз ја враќа надежта како модерна Пандорина кутија!

„Париз е секогаш добра идеја.“

Одри Хепберн беше во право: со сите ефекти на безвременост, мода и естетика бездруго, Париз е само град… затоа овој роман ќе Ви пружи да го почувствувате како свој, матичен, роден – дека ниедна околина не е заштитена или вакцинирана против озборувања и малограѓанство. Сепак – филозофијата, боемството и уметноста – сплотени во лавиринтот на животот… доволно скокотливо за Вашето слободно време за умствена релаксација. Како и за соживување со сопствениот натоварен грб од озборувања, сомнежи и предрасуди. Ако помисливте дека на овој роман му недостасува главен лик, односно, дека не постои издвојување помеѓу сопружниците Мален… сетете се дека Париз, Париз секогаш ќе остане во центарот на вниманието – безразлика на местото или времето.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈагуари: Е-тип
Следна објаваГоран Вишњиќ и Хали Бери во хит-серијата на Стивен Спилберг, ексклузивно на Pickbox
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ