Врската помеѓу мајката и детето е многу тешко да се дефинира, затоа што истата е поголема, потрајна и поиконска од било која дефиниција. Во контекст на истото, врската помеѓу мајката и ќерката е уште покомплексна област првенствено поради генерацискиот јаз и Фројдовата теорија дека „сите жени, порано или подоцна стануваат како своите мајки“. По „10 работи кои ги научивме од мајките“, следува уште една листа совети од мајките кои ќерките… едноставно, сумирани како животни заклучоци.

silhouette of mother kissing her daughter

1. Не си го троши животот чекајќи да бидеш спасена. Нема поголемо задоволство во истиот од тоа да се спасиш себеси.

2. Еднаш кога довербата ќе се загуби, многу е тешко да се обнови. Биди искрена и своја, верувај ми – на долги патеки, навистина вреди.

3. Може да постигнеш големи работи на начин на кој секој ден ќе правиш мали.

4. „Можеби“ понекогаш ја сумира ситуацијата.

5. Ти не мора да бидеш најдобра во нешто, за да направиш разлика во светот.

6. Добрите пријателства и врски не се случуваат туку-така. Ти мора да ги пронајдеш, да поминеш тешки патишта и навистина да вложиш во нивна нега.

7. Подготви се за иднината, но не заборавај дека единственото нешто што може да го контролираш и да уживаш во истото е само сегашноста.

8. Не се труди најдобро што знаеш во се’. Прави ги работите добро, за да можеш навистина да се фокусираш на оние што навистина значат.

9. Понекогаш ќе губиш само за да научиш како да победиш.

10. Да бидеш предобра во нешто ќе ги импресионира луѓето кои ќе имаат корист од тебе; додека луѓето кои те сакаат, ќе те сакаат токму каква што си.

11. Восхитувај ги сите со тоа што ќе им кажеш колку се прекрасни.

12. Разбирањето на прашањето е многу поважно од тоа да го најдеш вистинскиот одговор. Поставувањето свои прашања е поважно од се’ друго.

13. Одвреме-навреме, вклопувањето е навистина важно. Но, понекогаш, со тоа што си своја ќе запознаеш луѓе и можности за кои не си можела да претпоставиш дека постојат.

14. Во ред е да донесеш одлуки кои не ти се допаѓаат. Јас секако ќе те сакам. Само се надевам дека ќе ги донесеш одлуките кои се најдобри за тебе.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Ајфеловата кула
Следна објаваОмилени филмови според хороскопскиот знак
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ