Секоја приказна, нејзините јунаци и заплетот, носат во себе печат од астролошките знаци. Според изборот на омилениот филм можеме да го препознаеме хороскопскиот знак, а понекогаш и своите скриени сништа и желби. Со оглед на тоа што скоро сите големи приказни зборуваат за љубов, овојпат ќе се задржиме само на романтичните наслови. Прочитајте кои филмови му се омилени на секој хороскопски знак.

1

Рак, Скорпија, Риби

Желни сте да ја пронајдете вистинската љубов со која ќе останете засекогаш. Тема која ги исполнува вашите очекувања е судбинската поврзаност на две души што се сакаат, како и љубов која не знае за простор и време. Уживате и во приказни за семејните вредности кои треба да се почитуваат.

2

Омилени филмови:

Мостовите на Медисон, Оркански височини, Англиски пациент, Казабланка, Другата сестра Бојлен, Дух

GERMANY-CINEMA

Бик, Девица, Јарец

Во реалноста сте многу одговорни, организирани и прибрани, но вашата романтична душа копнее за љубовни приказни. Во светот на фантазијата и имагинарните ликови умеете да проживеете многу повеќе. Сакате приказни за обични луѓе кои ќе се најдат во необични ситуации. Омилени теми ви се радоста на животот, страста за готвење, а уживате и во филмови со длабоки филозофски дилеми.

4

Омилени филмови:

Чоколадо, Џули и Џулија, Нотинг Хил, Мајсторот и Маргарита, П.С. Те сакам, Амели Пулен.

5

Овен, Лав, Стрелец

Преферирате интересни приказни во кои има бура од емоции и страст, како и самостојни и горделиви ликови чиј борбен дух може да ги помине сите препреки. Уживате во оние класични љубовни приказни- вистински романси.

6

Омилени филмови:

Гордост и предрасуди, Јади, моли се, уживај, Титаник, Ана Каренина, Мулен Руж.

2012, THE GREAT GATSBY

Близнаци, Вага, Водолија

Вашата љубопитност и отвореност кон светот и луѓето ве прави голем љубител на приказни. Сакате да читате и да дискутирате за книгите и филмовите. Сакате драми кои ги обработуваат односите меѓу луѓето, како и интелигнетни комедии. Приказните едноставно ве опуштаат повеќе од сè друго.

8

Омилени филмови:

Четири венчавки и погреб, Доктор Живаго, Автостоперски водич низ галаксијата, Големиот Гетсби, Полноќ во Париз

СПОДЕЛИ
Претходна објава14 работи кои сакам ќерка ми да ги знае
Следна објаваРоденденска мисла на Достоевски
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ