За навреме да ја подготвите кожата за студените денови, одбравме три маски за лице од природни состојки за целосна хидратација и регенерација на клетките.

Смирувачка маска

Црвенилото е честа појава на почетокот од есенската сезона. Со оваа маска многу лесно ќе ја смирите кожата од ваквата појава.

Потребни состојки:

  • 3 јагоди
  • четвртина шолја мелени овесни снегулки
  • 2 лажички мед
  • 1 лажичка јогурт

Оваа комбинација содржи витамин Ц и алфа хидрокси киселина (присутни во јагодите), природни ексфолијанти (во овесните снегулки), а медот и јогуртот  придонесуваат со нивното благотворно смирувачко дејство.

1

Пилинг маска

Еднаш неделно е доволно да ја регенерирате кожата со оваа пилинг маска од 1 лажичка сода бикарбона и 1 лажичка свежо исцеден сок од портокал. Состојките треба да ги промешате и да ги нанесете на чиста кожа да стојат 20 минути. Содата помага во борбата против акните, а киселината од портокалот ги затегнува порите и го осветлува лицето. Ако имате чувствителна кожа, испробајте малку од маската на мал дел од кожата за да проверите дали ќе има реакција.

2

 Детокс маска

Потребни состојки:

  • пулпа од грејпфрут
  • 1 шолја овес
  • 1 шолја млеко

Главна компонента за детоксификација е грејпфрутот, а млекото и овесот ја смируваат кожата и го ублажуваат чувството на сувост кое се јавува како последица на ниските температури.

3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРазгледници за мравките | Lorraine Loot
Следна објаваELigion ревија на Елена Лука
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР