Вчеравечер, во Македонскиот народен театар, театрално и уникатно беше претставена новата колекција eсен/зима 2014-2015 со потпис на модната куќа Elena Luka. Големата сцена на театарот беше приспособена за модното дефиле на различните модели, додека музиката во позадина ја дополни драматичноста на самиот настан во рамките на неговото времетраење. Со изразен тоналитет на црната боја, колекцијата беше украсена со златни или сребрени ефекти, како и зачинета со неколку бели парчиња. Официјалниот опис на истата гласи – „Колекцијата се издвојува со оргинален и препознатлив стил и силен драматичен оптикум, кој е спој од богат избор на кроеви и конструкција во комбинација со разновидна материја. „ELigion“, е колекција исполнета со карактеристична структура и слоевита распределба на материја, која се состои од уникатни детали, рачни доработки и аксесоари за различен тип на силуета.“. Ревијата беше посетена од многу љубители на модата, почитувачи на делото на модната ќука, доста јавни личности и медиуми.

Во прилог, следува едиторијалот на истата, каде фотографиите се дело на Дарко Мораитов; додека фотографиите од вчерашната гала-ревија може да ги погледнете на официјалната facebook страница на Elena Luka.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11 12

13

14

15

16

17

18

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПриродни маски за лице за студените денови
Следна објаваБритански професионалци ексклузивно на Моден Викенд Скопје
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР