Не можејќи да ја спречиме постојаната потреба на кофеин (потреба, бидејќи зависност е многу силен збор ;)), ја продолжуваме листата со најинспиративните кафулиња во светот.

6. Balzac’s, Торонто 

Дали сте знаете дека делата на де Балзак и Толстој се сметаат како ненадминливо совршенство во литературата? Оставајќи ја инперијалистичката Русија на Толстој настрана, првата асоцијација на познатиот автор е автентичната Франција и суровата сталежна поделба на преубавиот Париз. Во едно малечко село на канадскиот Торонто, можете да го испиете своето утринско кафе во прекрасна парижанска атмосфера. Навидум скромен ентериер, со неколку луксузни парчиња мебел.  Но нека не Ве залажуваат постерите на ѕидовите. Тука атмосферата е толку романтична, што некогаш и се одржуваат свадби.

1

2

3

7. La Distributice, Монтреал

Кафуле за кое ќе се согласите дека е можеби најмалото во Северна Америка. Но, кога станува збор за Канада, стереотипно гледано, тука сте секогаш добредојдени. Без разлика дали земате кафе за пред работа,  на пауза, по работа, или чисто излегувате за забава, во La Distributice ќе бидете пречекани со широка насмевка и брза услуга. :D

4

5

6

8. Little Nap Coffee Stand, Tokyo

Ова мало кафуле е познато по својата американска клиентела. Американските туристи во Токио обожаваат да го испијат своето кафе тука. Има и зошто. Ентериерот дефинитивно потсеќа на американскиот минималистички стил, со дрвени подови и максимално искористен простор. Тука и пакувањето на храната потсеќа на Америка, како и take-away кафињата.

7

8

9

9. Café Coutume, Париз

Колку што е убав Париз, толку се некултурни Французите. Сепак, ова кафуле е исклучок. Амбиентот е парижански, но атмосферата е пријателска.

Зошто?

Па сопственикот е од Австралија. :)

10

11

12

10. The Grounds, Александрија, Австралија

Најдоброто за крај. Покрај ентериерот, кој дефинитивно ќе Ве остави без зборови, ова кафуле го има најдоброто кафе. Увезувајќи зрна директно од Бразил, Колумбија, Етиопија, Уганда и Индија, кафето дефинитивно ќе ги разбуди Вашите сетила. Сепак, да оставиме фотографиите да зборуваат сами за себе.

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

И секако, еден мал факт за крај. Дали сте знаеле дека италијанскиот збор macchia значи дамка, или флека? Макијатото навистина изгледа како дамка на бела кошула и поради тоа, познатото кафе го добило ова име.

Имајте сјаен и исполнет ден! ;)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Закачалка со книги
Следна објаваСтан за чиста 5-ка
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ