Колку пати во животот сте се соочиле со сопственото „не можам“? А колку пати со општествените бариери кои погласно од се` друго, отворено Ви кажуваат дека не можете? Дека не ги исполнувате условите, дека Вашиот профил не е соодветен на нешто што соодвествува на Вашите соништа? #IWILLWHATIWANT е хештагот кој треба да го истражите уште денес, безразлика дали се пронајдовте во горе наведените реченици. Патем, ќе се сретнете со приказната на Misty Copeland, главната хероина во првиот комерцијално-инспиративен видео спот што некогаш сте го погледнале. Проследете го и согласете се. Не доволувајте некој друг да го дефинира она што можете да бидете. Ниту пак да дозволите никој друг да стави граница на Вашите видици, Вашите сонови.

Судбината на оваа девојка значеше се`, освен да биде балерина. Изгледа судбината погрешила. Растегнете ги мускулите и видиците. Направете историја. #IWILLWHATIWANT е само потсетник дека не Вi треба никаква дозвола или афирмација, кога силната волја, труд и самодоверба се квалитети со кои може да се пофалите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Рефлексија
Следна објаваБиблио-патопис | Seth Armstrong и Johnny Davis
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ