Зошто ни е толку тешко да се откажеме? Откажувањето не секогаш означува пораз, понекогаш тоа означува прифаќање и барање на нешто подобро.

Зар не е подобро да се откажеме од старата љубов? Без разлика колку било добро, колку добри спомени имаме… да било вистинското ќе траело или пак времето пак ќе не стави еден до друг.

Зар не е подобро да се откажеме од работата која не не’ прави среќни? Без разлика колку да сме платени, ќе дојде ден кога ќе жалиме што сме го потрошиле животот залудно.

Зар не е подобро да се откажеме од луѓето кои ни носат само негативна енергија? Верувајте ни вклопувањето во нова средина не е толку тешко и исцрпувачки како луѓето кои ни ја крадат енергијата.

Зар не е подобро да се откажеме од гордоста и инатливоста? Животот е прекраток за тоа, а и на крајот од животот никој не ги вреднува тие особини.

Од се е подобро да се откажеме се додека не се откажеме од самите себе и нашите соништа. Со верба во себе секое откажување и губење може да го надминеме. Можеби нема да биде лесно, но ќе биде вредно!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛетниот дом на една писателка
Следна објаваСтил во пар, стил на квадрат
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ