1. Лесно им станува здодевно. Искрено, не може да запознаете или познавате креативец кој прави една иста работа повеќе од 2-3 часа. Или можеби ја прави, со паузи (на кои работи нешто друго).

2. Ризикуваат повеќе. Во споредба со другите типови на луѓе, креативците не се плашат да преземат ризици. Независно дали се работи за напуштање на доброто работно место за сопствен проект или во моменталната одлуката да скокнат банџи.


3. Бојат надвор од линиите.
Ова е најточна констатација за нив – размислуваат надвор од кутијата и бојат надвор од линиите во боенката наречена живот.


4. Размислуваат со срцето.
Ова не значи дека не се рационални, туку дека одлучуваат да го користат и срцето, како водечки инстинкт.


5. Прават многу грешки.
Од грешките се учи, велат тие. Еднаш да згрешите, вториот пат ќе знаете. Евентуално, третиот пат.


6. Ги мразат правилата.
Според нив, правилата постојат за да ги избегнете или прекршите. Роковите им се смртна казна, па затоа успешно ја заобиколуваат и на крајот воодушевуваат со резултатот.


7. Работат самосотојно.
Ако некој креативец Ви каже дека е тимски играч, тогаш знајте дека или лаже или е еден во милион. Креативецот не сака да зависи од никого, работи сам и доволен си е сам на себе.


8. Го менуваат мислењето често.
„Креативна бура на идеи во движење“ е израз кој совршено ги опишува креативните луѓе.


9. Имаат репутација дека се ексцентрични.
Не е само до репутацијата, тие навистина се такви. Лесно го менуваат расположението и пронаоѓаат инспирација во се’. Во добра реклама, во стих од песна, во амбалажа на кисело млеко.


10. Сонуваат големи работи.
Ако нивните соништа не ги плашат, тогаш не се доволно големи. А сите креативци имаат свој страв, дека нема да ги исполнат своите соништа. Во голема мера, секогаш ги исполнуваат поради фактот што се уникатни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОбид да се „фотографира“ душата
Следна објаваВо тренд | Природен изглед
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ