Летото е време кога тешката шминка треба да се замени со минимална и да се даде предност на природниот изглед со кој се постигнува ефект како да немате шминка. Во ваквата шминка преовладуваат светли нијанси од палетата на светлорозеви, беж  и земјени тонови. За да го постигнете овој nude изглед, потребно е да знаете некои основни правила:

4

За очите, одберете сенки во светли бои и истакнете ги со кафеаво моливче и маскара која не дава многу волумен.

5

Руменилото нека биде во нијанса на праска, или едноставно заменето го со бронзер- многу поубаво стои,  особено на исончан тен.

1

Кога станува збор за кармин, и тој нека биде светол: розов, крем, или светлопортокалов. Пожелно е биде мат или со сосема малку сјај.

3

Во видеото можете да погледнете како се нанесува ваква шминка, како и да научите уште некои правила за ваков изглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа креативните луѓе…
Следна објаваЛетна оаза на Халкидики
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ