1

Ако во реалниот живот нештата се искусуваат само со петте сетила, тогаш во соништата тие се стотици, бидејќи слободата не познава никакви ограничувања. Под ова мото, новиот хотелски комплекс Ekies All Senses Resort ги кани светските патници на одмор како од соништата, разгалувајќи им ги сетилата со се’ она што има да го понуди оваа современа оаза со 4 ѕвезди. Совршен пример е како модерниот дизајн и почитта кон природата можат хармонично да егзистираат под ист покрив, прегрнувајќи ги традиционалните грчки мотиви и луксузните сместувачки капацитети на едно место. Се наоѓа на Ситонија, вториот крак на грчкиот полуостров Халкидики, меѓу бела песочна плажа, чисто тиркизно море и зелена борова шума, вгнездени крај заливот во близина на местото Вурвуру. Дискретното влијание на ,,фенг шуи“ филозофијата и белата боја создаваат несекојдневно пријатна атмосфера за комплетно опуштање, надополнувајќи се со идиличните пејзажи надвор. Играта со сетилата продолжува и во внатрешноста – хотелот располага со 65 соби, а секоја од нив се разликува  по она што го открива од останатите. Стилизирани се уникатно, но сите во лежерен летен тон и исклучиво со природни материјали, рачно изработени декорации и дизајнерски парчиња мебел. Екипирани се со се’ што е потребно за удобен престој, дочекувајќи ги туристите во гостопримливив, топол и релаксиран амбиент. На нив се надоврзуваат и базен, џакузи, кабина за масажа, спа и сауна, ресторани, барови, библиотека и живописна градина, како дел од погодностите со кои неодоливо привлекува овој раскошен еко-ресорт. Уживајте во летните сцени под сонцето на Халкидики!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

11a

12

13

14

15

16

17

18

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

33

34

35

36

36a

36b

36c

37a

37b

37c

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо тренд | Природен изглед
Следна објаваКнижарниците низ Њујорк | Bob Eckstein
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ