„Нашите зборови може да имаат огромно влијание. Зарем не е време да ѝ кажеме дека и таа е прилично брилијантна? Охрабрете ја нејзината љубов кон науката и технологијата, инспирирајте ја да го промени светот.“
– Reshma Saujani, основач на Girls Who Code
Областа на науката, технологијата, инженерството и математиката станува се’ помалку евидентна во изборот на девојките во однос на нивните машки колеги. Покрај моторната сила на оваа фондација, истата има за цел да поттикне развој на можностите на 21виот век, особено од областа на компјутерските науки за инспирација на девојките ширум светот. Оваа реклама е производ на Verizon and Makers со наслов „Инспирирајте го нејзиниот ум“ која следи една девојка од нејзината најрана возраст до средно образование – ова девојче расте со добронамнерните совети на родителите додека бесшумно ја потиснува својата љубов кон науката и суптилно го трпи родовиот притисок без да забележи дека е омаловажена и дека истото може да ја доведе до страшни последици.