Брзиот тек на живот донесе нови навики во нашето секојдневие кои продолжуваат да се практикуваат дури и за време на летниот период (намерно не велиме распуст). Така што, користењето на лап топот во овие жешки денови додека се наоѓате во дворот, на терасата, на плажа и на други места каде што полесно Ви е да го држите овој неопходен уред во скутот прави дополнителна жештина и уште неколку потенцијални проблеми во низа кои не се тема на оваа објава. За таа цел, понудениот Направи сам проект денес настојува да Ви го реши овој проблем.

Потребно Ви е:
– перниче за столица
– пластична даска за сечење
– ножици
– машина за шиење/игла и конец

2

Доволно е да ракувате вешто со конец и игла, односно машина за да го постигнете изгледот на овој проект – изберете перниче за столица во интересен принт или она што веќе не Ви е во функција. Отшијте еден од рабовите и внатре вметнете пластична даска за сечење, чија големина ќе соодвествува на Вашиот лап топ. Покрај тоа, исечете го сунѓерот од перничето за да одговара со предходно-споменатите величини. Работ кој го отворивте, повторно зашијте го.

3

4

5

6

7

8

9

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУрбан светилник
Следна објаваЛето во домот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ