1

Секое годишно време носи свои обележја, различно влијае на расположението и амбиентот во домот. По заспаната зима и разиграната пролет, ни пристигна долгото топло лето со сета своја магија. Долгите денови, но и високите температури ќе бидат попријатни во ентериер во кој ќе се чувствувате свежо, сјајно и опуштено. Покрај неизбежните клима уреди и вентилатори, за внесување свежина во просторот можат да придонесат и низа други визуелни доживувања. Бојадисувањето на одделни ѕидови, или, пак, вметнувањето детали во впечатливи летни тонови може да има чудесен ефект во домот. Така, зелената и аква сината нијанса сензуално ќе ја оживеат природата и водата во животниот простор, додека нежно жолтата и портокаловата неодоливо потсетуваат на изгревот и залезот на сонцето во летните месеци. Понатаму, и изборот на материјали може да има значајна улога во креирањето летно чувство насекаде околу вас. Деталите од стакло, камен и метал во тандем со парчињата дрвен мебел се одлична комбинација. Лелеавите, меки и мазни текстили со летни дезени и живописни бои суптилно ќе го разиграат секое катче, а фините декорации со морски мотиви, пак, ќе ја разнесат свежината на плажата во целиот дом. Седечките гарнитури и лежалките од бамбус се полн погодок за топлото време, а покрај тоа што се многу атрактивни, особено се удобни за седење и лежење под сончевите зраци. Зеленилото е еден од најважните елементи за внесување на летото во домот – мноштвото билки ќе ја облагородат и украсат секоја соба, создавајќи опуштена и комфорна атмосфера, без оглед на тоа дали вашиот избор ќе биде саксиско цвеќе, цветни аранжмани или ливадско цвеќе во вазна. Доколку, пак, сонувате за тропските далечни места, зошто да не ја пресликате нивната раскошна убавина и во вашиот домашен амбиент? Поставете удобни перничиња со егзотични принтови, и уживајте испивајќи го омилениот коктел на летната тераса уредена во морски стил. Нови завеси во светли тонови и со природни шари, декоративни аксесоари инспирирани од водата, поставување украсни чинии со сезонско овошје, прикачување слики со летни пејзажи, или, пак, шарени чадори за сонце на терасите и балконите – ваш е изборот како ќе ја поканите ведрината на летото во вашиот дом, претворајќи го во идеално место за одмор. За вас издвоивме неколку прекрасни идеи од најновиот каталог на Serena & Lily, со идилични сцени кои мирисаат на лето. Инспирирајте се!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Држач за лап-топ
Следна објаваДоказ дека сме сродни души
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ