1

Разубавете ги вашите стари фенери и дајте им прекрасен морски изглед. Ако школките и песокот ги распоредите во стаклени фенери, можете да создадете прекрасен декор за летно украсување на домот. Овие преубави декорации ќе ја пресликаат магијата на морскиот брег во животниот простор, будејќи го копнежот по море и прекрасните песочни плажи. Летните декорации со автентични морски детали се многу лесни и едноставни за подготовка. За таа намена, исполнете ги со песок, ситни камчиња или вода, а потоа украсете ги со морски школки, ѕвезди или корали, одвнатре или, пак, залепени од надворешната страна. За амбиентална светлина во летните ноќи, не заборавајте да вметнете и декоративна среќа во средина на фенерот. Доколку школките се во различни бои, форми и големини, тогаш декорацијата ќе биде уште поинтересна. За уште подобар ефект, играјте си со различната висина на фенерите, и групирајте ги по неколку во едно катче, бидејќи на тој начин ќе изгледаат многу поубаво отколку поединечно. Со вашите мини креации можете да го украсите балконот, терасата или дворот. Во летниот период, можете да користите и фенери во јаки и впечатливи бои, како жолтата, портокаловата или зелената, кои не само што ќе внесат живост во вашиот дом, туку и ќе направат вашите гости да уживаат. Со суптилниот сјај на свеќите, пак, ќе создадете романтична атмосфера во вечерните часови. Погледнете ги нашите предлози…

2

3

11

4

5

8a

6

6a

13 (2)

2a

9

8
7

10

 

 

14 (3)

15

20

17 (2)

16 (2)

19

21

22

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпектакуларниот Лос Анџелес
Следна објаваБохо комбинации за лето
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ