01

Доколку трагате по интересни идеи за летно освежување на животниот простор, а притоа сте вљубеници во кантри идилата, тогаш ви претставуваме совршена инспирација за поинакво руво на домот во пресрет на новото годишно време. Ја пронајдовме во најновата линија на Sanderson, легендарната британска компанија која произведува прекрасни текстили и тапети уште од далечната 1860 година, а чии производи ги красат ентериерите на кралските палати и домовите на првите луѓе во Англија. Со мотиви и бои пресликани од чудесната англиска провинција, колекцијата ве води на автентично стилско патување низ англискиот кантри стил. Многу блесок, разиграни и весели теми, со традиционален шарм, но и модерен призвук. Дизајнот црпи инспирација од органските форми, како тревата, цветовите и листовите, со насликани дезени и графички принтови. Свежите и фанки тапети одлично се вклопуваат во секакви ентериери, и големи и мали подеднакво. Без оглед на тоа дали сте љубопитни ,,направи сам ентузијасти’’, или, пак, професионалци во светот на дизајнот, тука ќе пронајдете многу слатки и убави идеи за вашиот дом. Инспирирајте се!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМистичниот тунел од дрвја во “Игра на тронови”
Следна објава(Не)среќни до крајот на животот
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ