22

Ти си ми сеќавање, иако сеуште те има во моето срце.
Болка, иако ми ја пружи најголемата радост.
Копнеж, иако не правам ништо да те вратам.
Солза, која никогаш не успеав да ја исплачам.
Насмевка, која никој не успева да ја исцрта како ти.
Љубов, од која никогаш нема да ми биде доста.

Те пронаоѓам во секоја песна, на секое место…
Те чувствувам во секој мој здив, во секое отчукување на моето срце…

Не те барам во туѓи очи, зошто твојот поглед е единствен.
Не барам засолниште во туѓа прегратка, зошто твоите раце ми пружаа најголема безбедност.
Не барам љубов во друг, зошто само еднаш се љуби вистински, а вистинската љубов нема замена.

Можам да се вљубам повторно… но, само во тебе!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРоман за лето: „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски
Следна објаваМодерен стан со ефектни детали
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ