Втората летна фризура од нашиот мини-серијал e ниска пунџа. На прв поглед изгледа комплицирано, но ако одите чекор по чекор не е воопшто тешко да се направи.
1. Поделете неколку подебели прамени од горниот дел на косата, кајшто се дели на патец и истапирајте со чешел нагоре.
2. Навалете ја косата надолу и направете ниско репче.
3. Растресете го истапираниот дел со рацете, да добие на волумен.
4. Сега кога репчето веќе добило на волумен, зацврстете го со праменче од косата.
5. Косата од репчето поделете ја на два дела и истапирајте го горниот дел.
6. Долниот (нетапиран) дел префрлете го преку истапираниот дел.
7. Замотајте околу пунџата и зацврстете со шноли.
8. Ако сакате, можете да ги извиткате прамените што се испуштени.
На крајот можете да додадете и машничка. Изгледа многу слатко и елегантно – совршено и за преку ден, и за навечер.