Квалитетно образование од областа на градежниот дизајн, досетливост и хуманост се одликите кои го красат Gregory Kloehn, креаторот на минијатурни куќи за бездомниците во Оукланд, Калифорнија. По чистењето на улиците и селектирањето на нелегалното ѓурбе (меѓу кое имало дрвени палети, прозорци и делови од бела техника), тој ги користи сите материјали кои ги наоѓа и создава своевидно стилски мини-засолништа на тркала. Со големина на тросед, овие домови се дадени на располагање на сите бездомници од таа област, како алтернатива на спиењето на улица или во внатрешноста на лошо конструирано картонско засолниште.

Овие куќички не само што се практични преноќишта, креирани од генијалната снаодливост на Kloehn, туку се исто така шарени и креативни улични уметнички дела. Идејата на креаторот е поттикната од некој бездомник, кој пред извесно време ѕвони на неговата врата и бара засолниште – тој му дава мала дрвена куќичка која ја чувал во гаражата и така овој гест прераснува во голем проект, Homeless Homes Project чија основна цел е да направи разлика, преку креативност и хуманизација.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСалвадор Дали графики и склуптури | Галерија Остен
Следна објаваШто е убавината?
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ