„Сите ние сме гладни и жедни за конкретни слики. Апстрактната уметност секогаш ќе биде добра за една работа: да ја врати точната невиност на фигуративната уметност.“
~ Салвадор Дали
Еден од најмаркантните креативни умови кои воопшто постоеле е неминовно, најголемиот суреалист на сите времиња – големиот Дали. Согласно овогодинешната програма со наслов „Cultural Stories“ и по повод прославување на денот на Европа (9ти Мај), ОСТЕН Скопје, Делегацијата на Европската унија, Општина Центар и Амбасадата на Шпанија во Скопје Ве канат на изложбата на графики и склуптури од Дали, кои припаѓаат на колекцијата на ОСТЕН уметност на хартија.
Вчерашното отворање на изложбата беше проследено од DA, каде што фотографиите следуваат во прилог. Изложбата ќе биде отворена до 27ми мај, во Галерија ОСТЕН (8-ма Ударна бригада 2, Скопје).
Фото: Медина Хоџа