Го знаете она чувство кога сите зборуваат за нешто што е толку познато, звучи добро, но Вие никогаш не сте покажале заинтересираност за истото? Тоа може да биде од област која Вас воопшто не Ве интересира, но толку многу се зборува за него, што дури и Вие знаете по нешто.

Buzzfeed објави видео во коe луѓе кои ниту еднаш не гледале нити една епизода од познатиот серијал Game of Thrones, даваат свое мислење и претпоставка за тоа што всушност се случува. Претпоставките се смешни, можеби малку со предрасуди, а анимациите кои излегуваат во позадина дополнително придонесуваат во хоморот.

Дали Вие сте фан на Game of Thrones? :)

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКаде што децата спијат | James Mollison
Следна објаваРеалистичен див свет
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ