1. Секоја година стотици нови дрва растат само поради тоа што верверичките заборавиле каде ги закопале лешниците.

animals_cute_squirrel_wallpaper_download_background_high_beautiful_gallery_hd

2. Иако не можат да ја видат својата насмевка, слепите луѓе се смеат кога се среќни. Смеењето е основен човеков инстинкт.

3. Кравите имаат најдобри пријатели и настојуваат да го минуваат времето со нив.

4. Видрите се држат за раце кога спијат за да не испливаат на различни страни едни од други. Исто така имаат посебен џеб во својата кожа каде можат да го носат својот омилен камен.

enhanced-2530-1395255065-15

5. Wayne Allwine и Russi Taylor, кои ги позајмија гласовите на Mickey и Minnie Mouse, беа сопрузи во приватниот живот.

6. Хрчаците и глувците се скокотливи, па дури и се смеат кога ги скокоткаат.

7. Позајмениот глас на Winnie the Pooh и TiggerJim Cummings, во слободно време се јавува во детските болници со цел да ги расположи болните деца.

8. Gene Cernan, астронаутот на Apollo 17 ги напиша иницијалите од неговата ќерка на површината од Месечината. Иницијалите “TDC” се сеуште тамо и ќе останат уште околу десетина илјади години.

9. Еднаш си бил/а најмладиот човек во светот на многу кратко време.

10.Прегрнувањето помага за раните да зараснат побрзо и исто така го подобрува расположението и се бори против депресијата.

11. Не само што пингвините се моногамни, тие исто така смислуваат начин како да го запросат партнерот.

12. Пеперутките вкусуваат со своите стапала.

13. Некаде некој го има својот најдобар ден во животот.

14. Норвешка има назначено пингвин за витез, чие име е  Colonel-in-Chief Sir Nils Olav.

enhanced-25848-1395255763-6

15. Постојат истражувања кои покажуваат дека козите, како нас, имаат акценти.

16. Машките мали кучиња понекогаш ги оставаат женските да победат во нивната игра со борење, со цел да се запознаат подобро.

17. Делфините имаат имиња еден за друг.

18. Новородените панди имаат големина на мало пакување од путер.

19. Во Април, 1930, BBC изјави дека нема вести за тој ден и потоа пушти пиано-музика.

20. Возможно е да се скокотка пингвин.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтилски колорит | Oxford bookstore
Следна објаваЕлеганција и хармонија во 34м2
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР