0d02027257b45f84fd88c60179ff95e9„Кога сте дете, Вие сте со став дека може да бидете што ќе посакате, да одите каде сакате и да правите што сакате“, дури и да сакате, навистина да сакате некого. Делејќи ја истата судбина со многу луѓе, сигурно и Вие сте слушнале за Сесилија Ахерн преку нејзината култна „П.С. Те сакам“ новела за бесмртната љубов. Да бидете девојка и да се двоумите за изборот на чик-лит кој во својот наслов вклучува „виножито“, можеби ќе делува дури премногу слатко. Но, почекајте додека се инволвирате во приказната. „На крајот на виножитото“ Ве очекува приказна за љубовта и пријателството.

„Возраста е само број, а не состојба на умот или причина за неодредено однесување.“

Алекс и Рози го поминуваат своето детство заедно во Даблин, Ирска; но кога кариерата на таткото на Алекс се премостува во Бостон, САД; искрените пријатели се приморани да се разделат. Кога Рози ќе се понадева на карта на среќата, селејќи се во Бостон како менаџмент-агент во еден хотел, неочекувано судбината си поигрува со нејзините чувства. Приказната ги третира сепарираните животи на Алекс и Рози, но во апсолутно верна и блиска врска, независно илјадниците милји кои себично ги разделуваат. Прашањето се поставува како императив во нивната судбина дали конечно ќе успеат да бидат заедно како пар или ќе го задржат пријателството како ретка категорија на машко-женски однос? Со концепт на меѓусебни писма, СМС пораки или разгледници, Ахерн пружа интересно искуство на секојдневна комуникација која е лесна за конзумација и не бара храброст како тет-а-тет разговор. Концептот, исто така, нуди една предност што не се потребни мостови во раскажувањето на сторијата. Надоврзувајќи се на ретката блискост помеѓу двата главни ликови, авторката вели дека:

„Нашиот живот е составен од времето, нашите денови се мерат со часови, нашите плати зависат од тие часови, нашето знаење се мери со години. Ние мора да заробиме неколку минути од денот за имаме кафе-пауза. Ние брзаме назад во своето биро, со константен поглед кон часовникот, живееме од состанок до достанок. А сепак, на крајот сепак немаме време и се прашуваме со болка во срцето, што ако тие секунди, минути, часови, денови, недели, месеци, години и децении биле потрошени на најдобар можен начин?“

Колку и да е ретка здодевноста како пропратна категорија долж читањето, ќе се затекнете неколку пати додека разговарате со Ахерн, набљудувајќи ги недоразбирањата, околностите и едноставната лоша среќа кои ги одржуваат Алекс и Рози на дистанца. Се’ досега. Поинаков начин да се вкуси една приказна, во секој случај. Насловот можеби го имплицира крајот на романот, а можеби и не: „На крајот на виноживотото“ Ве чека една ирска поговорка која внесува одредена количина на слаткост на приказната.

„По се’, сродните души секогаш завршуваат заедно.”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕлегантен стан во пастелни нијанси
Следна објаваНеколку дезени кои постојано се во мода
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ