print1 (1)
Трендовите доваѓаат и си заминуваат, но тоа што е добро секогаш останува. Постојано се во мода црната боја,кожните мото јакни или лакираните шпиц салонки, но исто така постојат и легендарните дезени кои секогаш можете да ги носите и секогаш подеднакво да бидете шик.
 
1. Животински принт
Било да се работи за леопард, зебра, жирафа или тигар, секогаш ќе купиме некое парче. Постојат сезони кога се носат повеќе или помалку, но никогаш нема да згрешите ако да ги облечете.
 
print-animal12. Батик
Батик егзотични примероци, сега поретко рачно се работат, туку се индустриски принтирани, но секогаш изгледаат подеднакво летно, лежерно и бохо.
 print-batik (1)
3. Цветен дезен
Брендот Либерти, познат е по ситните цветови во повеќе бои, а ќе се согласиме дека цветните дезени не само што се популарни секоја пролет, туку можат да се носат во секоја сезона, само во други нијанси.
 print-liberty
4. Каро дезен
Карото е еден од големите трендови во последниве неколку сезони, но младата популација пред тоа го игнорираше како нешто досадно. Сега веќе е популарен за сите генерации и секоја прилика. Треба само да се прилагодите на кројот и материјалот.
print-plaid
5. Дезен со точки
Различните големини на точки зборуваат за различни карактеристики на личноста. Малите точки најмногу се поврзуваат со зрелоста и елеганцијата, додека големите нападни точки се поврзуваат со младоста. Ги обожуваме на модните додатоци а не само на облеката.
print-polka-dot
6. Линии
Линиите се многу слични на цветните примероци. Се носат преку цела година, и можат да бидат озбилни и разиграни, но најмногу се носат во лето. Дезените со линии се за едно скалило посериозни од точките и можат да се носат и за  деловни прилики и состаноци.

print-stripes

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНа крајот на виножитото – Сесилија Ахерн
Следна објаваЕден танц на 100 различни места
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ