Модата на деведесеттите се врати на голема врата…

Чанти од различни големини, бои и материјали кои се носат околу половината, покрај тоа што се многу модерни, ни овозможуваат постојано да ги користиме двете раце без тешкотии. Можевме да ги видиме најмногу по улиците на Милано и Париз, за време на модните недели, а од тогаш станаа голем моден тренд.

Погледнете неколку примери и совети…

Одберете чанта од квалитетен материјал како кожа или тексас, кои изгледаат многу подобро и поубаво од најлон и платно.

Експериментирајте со торбичка која веќе ја имате. Можеби сте во можност да дадете големи пари за торба од Гучи, но зошто да не ја освежите вашата стара торба со ремен кој сега се носи? Сепак, старите трендови се враќаат…

Не се ограничувајте само на традиционалниот облик на торбата. Ние веќе ви кажавме дека материјалот е многу важен за изгледот на торбата, но исто така и формата и стилот. Долга правоаголната торба или во кружен дизајн, ќе изгледа многу посвежо одколку стандардниот облик на полумесечина.

Променете го начинот на кои ги носите. Не мора да ги носите исклучиво на предната страна, свртете ја на страна или префрелете ја преку рамото. Ќе видите колку оваа мала промена може да влијае на изгледот.

Не бирајте премногу големи модели. Торбичката околу вашата половината е идеална за носење на најосновните работи, кои не се многу тешки.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМакаронс со “вкус” на Марина Абрамовиќ!
Следна објаваКои растенијата можат безбедно да се стават во детската соба!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР