Дизајнерското дуо Карл Лагерфелд и Силвија Вентурини Фенди ни ја претставија новата колекција на брендот Фенди за пролет/лето 2018 година, Враќање кон иднината.

Колекцијата е инспирирана од работата на италијанскиот сликар, претставник на футуризмот и потписник на Футуристичкиот манифест од 1910 година, Giacomo Balla.  Дизајнерското дуо погледна наназад и го трансформираше италијанскиот футуризам во својата пролетна колекција. Иако кроевите на моделите се самоуверени и оштри, колекцијата е воздушеста и разиграна, совршена за првите пролетни температури.

Fendi kolekcija za proleće-leto 2018

Дизајнерите направија одличен контраст на облици и материјали. Фенди и Лагерфелд добро ги комбинираат класичните силуети и некласичните материјали, како и модерните кроеви креирани од традиционални материјали.

Fendi kolekcija za proleće-leto 2018Иако принтовите делуваат помалку есенски, транспонирани на лесни материјали, тие ја даваат проsирноста, која е карактеристична за пролетните колекции.

Fendi kolekcija za proleće-leto 2018

Што се однесува до палетата на бои, таа е некако загасита. Само неколку принтови доминираат во колекцијата, а повеќето модели ги краси цветен принт. Од друга страна, Лагерфелд и Фенди користеа многу штрафти и кариран дезен.

Fendi kolekcija za proleće-leto 2018Fendi kolekcija za proleće-leto 2018Fendi kolekcija za proleće-leto 2018

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОмилените парфеми на британското кралско семејство!
Следна објаваНовиот Амигос 2.0. во ново руво и со збогатено мени
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР