ОВЕН

Работа – Оваа неделна е идеална да направите листа на нови одлуки, кои се однесуваат на работниот план, па повелете.

Љубов – Прашање е, колку долго ќе издржите да ги криете емоциите од лицето кое ви се допаѓа. Подобро отворете се, затоа што личноста тоа го очекува од вас.

Здравје – Се чувствувате добро.

БИК

Работа – На работен план за сега сè се случува како што треба и вие сте горди на себе и на соработниците, кои многу ви помогнаа. Гледајте да им се одолжите, мал знак на благодарност значи многу.

Љубов – Иако сте повремено одвоени, вие не престанувате да размислувате еден за друг. За вас не постои друга личност, од оваа, посебната.

Здравје – Можна главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Време е да започнете нешто ново, бидејќи тоа сега го работите ви е премногу здодевно, а не ви неси доволно приход, така да немате причина да останате таму каде што сте.

Љубов – Вашата љубов веќе долго време е во полна сила, потрудете се така и да продолжи.

Здравје – Одлично се чувствувате.

РАК

Работа – Сакате нешто повеќе од кариерата, но немате сила да се борите со новите предизвици. Преземе ризици. Кој не ризикува, тој не добива. Ако се прашувате зошто нови предизвици, запаметете дека сето тоа е дел од животот.

Љубов – Во љубовта, оваа недела ве очекуваат некои несогласувања, кои со разговор во четири очи можат лесно да се решат.

Здравје – Болка во коленото.

ЛАВ

Малку сте мрзеливи, но тоа е за кратко. Доаѓа вашето време кога ќе бидете во можност да го покажете целиот свој потенцијал и квалитети кои ги поседувате.

Љубов – Трпението е единствениот пат, со кое ќе го добиете тоа што го барате од личноста која сакате.

Здравје – Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа – Имате чувство дека сите обврски кои ги имате само ги одработувате, а не уживате во тоа што го работите. Гледајте да го смените тоа, бидејќи така не се доаѓа до добри резултати.

Љубов – Во љубовта добро ви оди, но вие се давате премногу, што ве исцрпува и прави да се чувствувате уморни.

Здравје – Можна несоница.

ВАГА

Работа – Што не морате денес, оставете подобро за утре. Работата не треба да трпи заради вашето лошо расположение и презафатеноста меѓу работата и семејството.

Љубов – Излегувањата и добрата забава се единствено нешто, што ви треба овие денови, за да само на миг заборавите на проблемите.

Здравје – Недостаток на сон.

ШКОРПИЈА

Работа – Вашата финансиска состојба полека се стабилизира и сега е време да направите подобар финансиски план, со цел да не потрошите се пред да инвестирате.

Љубов – Доколку сте сами, очекувајте оваа ндела да запознаете интересна личност, која му одговара на вашиот сензибилитет.

Здравје – Добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Оваа недела ќе имате мали проблеми со претпоставените и колегите на работа. Намалете го егото, бидејќи не значи дека сте секогаш во право кога станува збор за работата.

Љубов – Заводнички сте настроени и оваа недела, па единствено флертувањето ви е во умот. Врски без обврски, се пред вас.

Здравје – Здравјето е добро.

ЈАРЕЦ

Работа – Финансиските проблеми ги решивте и сега ве очекува период на стабилност и просперитет. Знаете точно што треба да правите и кому да му се јавите за совет.

Љубов – Помошта од една Девица сигурно ви значи, а вие со иста мерка и возвратувате, затоа добро ви оди.

 Здравје – Внимавајте на храната.
ВОДОЛИЈА
Работа – Вие сте креативни, но, исто така и мрзеливи оваа недела. Мора да имате добра причина, за да ги искористите предностите на целиот потенцијал. Не ги испуштајте дадените прилики.
Љубов – Емоциите повторно проработеа и вие сега не знаете што да направите. Сега е времето да го освоите тоа што го сакате.
Здравје – Одлично.
РИБИ
Работа – Вашата идеја, ќе ги воодушеви сите колеги. Добро ви оди оваа недела на деловното поле, а на вашето лице може да се види само задоволство.
Љубов – Со лице од минатото ги загревате страстите, но ни сами не знаете како тоа ќе функционира. За сега сте исполнети.
Здравје – Добро се чувствувате.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФустани во комбинација со најубавите места во светот!
Следна објаваНајпопуларна – хит фризура !
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР