Dolce & Gabbana ja презентираа својата колекција есен/зима 2017 на Миланската недела на модата, со гламурозни модели. Италијанското дизајнерско дуо одбра влијателни луѓе, припадници на кралски фамилии, деца на познати личности и модели за импресивната ревија, која го одушеви цело Милано. Колекцијата со името DGRinascimento, ја носеа девојки од разни раси и големини.

Dolce & Gabbana, во колекцијата внесоа разни животински принтови од класичниот леопард, па се до декорирани тигри и мечки. Женствените силуети од тантела и свила, совршено се вклопија со богато украсените фармерки и графичките маици.

Дури и Justin Bieber се појави на ревијата , но само на белите маици со неговиот лик. Гламурозните изгледи беа финиширани со beanie капите, круни и големи очила.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова колекција на Women’secret за сензуални пролетни денови
Следна објаваМакси фустанот-пролетен моден хит!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР