Chanel ја претстави haute couture колекцијата за пролет/лето 2017., во парискиот Grand Palais. Во декор кој одговара на art deco стилот од 30-те години во минатиот век, моделите прошетаа по модната писта од огледала, во елегантните фустани на Karl Lagerfeld.

Ревијата се отвори со препознатливите одела на Chanel од твид, кои овој пат се со нагласени структурирани рамена. Во продолжетокот на ревијата, заоблените линии се нагласени со имитација на бисерен накит, везени плетенки и волуминозните здолништа.

Lagerfeld користел луксузни материјали, вклучувајќи ја свилата, сатенот, тантела, марабу и тул. Палетата на бои е со романтично пастелни нијанси и сребрени акценти, заради кои целата колекција добива уште поелегантна и бајковита нота.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајновите италијански рецепти за широка публика во Јавна соба
Следна објава20 функционални и најубави помагала во кујната!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР