Модниот бренд Caprisa во зимската колекција има торби кои ќе го развеселат секое женско срце. Прекрасната црвена боја доминира во поеќето линии, во светла нијанса како и популарната бордо, со детали од метал во боја на злато. Sвезда на колекцијата е модерната и впечатлива Exille торба, икона на брендот, во издание со текстура од синтетички материјал, со елементи во раскошните златни нијанси.

screenshot-2016-11-27-20-15-29

Caprisa ја продолжува соработката со Penélope и Monicа Cruz, а лимитираната колекција со потпис на славните сестри се состои од торби со цврста конструкција во елегантните монохроматски изданија, како и тренди плиш варијанти. Гламурозните детали во боја на златото, на секоја чанта и додаваат посебна доза на раскош.

screenshot-2016-12-05-19-46-56

Секоја торба на Caprisa може да се персонализира со помош на различните привезоци со иницијали или пом-пом топчиња и друго, како би одговарале на единствениот стил на секоја жена.

screenshot-2016-11-27-20-15-40

Торбите се со цврста конструкција, доаѓаат во миди и мини варијанти со затварање на преклоп, додека пак рачните торбички имаат практични џепови со мали детали, како кожните реси и сјајните привезоци.
Продавниците на Caprisa се наоѓаат во Skopje City Mall и Ramstore Mall, каде има голем избор на производи.

screenshot-2016-11-27-20-16-35screenshot-2016-11-27-20-20-33screenshot-2016-11-27-20-14-18screenshot-2016-11-27-20-14-25screenshot-2016-12-05-19-47-18screenshot-2016-12-05-19-47-30screenshot-2016-11-27-20-15-05screenshot-2016-11-27-20-15-16

СПОДЕЛИ
Претходна објаваZara Home: Празнична колекција 2016
Следна објаваGucci со еклектична колекција исполнета со фантазија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ