1Празниците се ближат, а новата линија аксесоари од  ZARA Home нуди прекрасна инспирација за украсување на домот. Зимската колекција од популарниот шпански бренд донесува широк спектар на производи, од симпатични детали за китење на елката, елегантни украси за ентериерот и дворот, па се’ до декорации за совршено стилизирана трпеза. Покрај препознатливите црвена, бела и зелена боја, во колекцијата може да се најдат и детали во погламурозна златна и сребрена нијанса, за празнична атмосфера во полн блесок и сјај. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја за вашиот животен амбиент.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28

НЕМА КОМЕНТАРИ