Извонредниот Delpozo е шпански моден бренд, чии колекции од сезона во сезона не воодушевуваат. Големата креативност и убавината на дизајнот, ги одушеви сите во модниот свет. Оригиналниот сопственик на овој бренд е дизајнерот Jesús del Pozo, починат во 2011 година, а потоа модната куќа го превзема името Delpozo и го поставува Josep Font како креативен директор.

Нивната нова колкеција, едноставно не остави без здив, Josep Font успеа да го модернизира обичниот коктел фустан и дневната облека и од нив да направи chic изглед.

За сезоната есен/зима 2016 год. креираше колекција комбинирајќи разни облици, украсни цветни детали и огромни ракави, а колекцијата ја красат парчиња како што се украсени ракавици, вечерни и дневни фустани, комбинезони и уште поголеми капути кои секако внесуваат забава во модниот живот!

page2-1page5page-3page3page4page6page7page8page9 (1)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот дом на една модна дизајнерка
Следна објаваГолемиот Гетсби – Френсис С. Фицџералд
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР