Dizajn_bazar
МАКЕДОНСКИТЕ  ДИЗАЈНЕРИ ВО НОВ ЕКОНОМСКИ ПОДЕМ 

Дизајн центарот Јавна соба најавува прва голема распородажба на дизајн производи со 100% македонски предзнак која ќе се реализира на 9. и 10. јануари од 10:00 до 21:00ч.

Preplet

За прв пат мебел, облека, накит, аксесоари и  други производи од  младите македонски брендови се продаваат по мошне поволни цени . Рамо до рамо со големите светски брендови кои сме навикнати  да ги гледаме и конзумираме во трговските центри, македонските дизaјнери се пуштаат во нов економски подем и тоа на домашниот пазар. Младите дизајнери  одобруваат голем колективен попуст на своите редовни цени со што се очекува  да го привлечат вниманието на домашните купувачи, особено оние кои се свесни за значењето на македонските производи и оние купувачи кои се презаситени од светските комерцијални брендови.  А и време е да почнеме да го цениме повеќе домашниот производ, бидејќи е за Наше општо добро.

LUDUS

“Ова е голем подвиг за целиот македонски дизајн сектор! За прв пат во една организирана структура истапуваме на домашниот пазар, доделуваме огромни попусти, сé со цел го доближиме македонскиот асортиман до македонските купувачи. За прв пат се одобрува голем колективен попуст на целиот асортиман. Ова е одличен модел на здружување и знак дека активните дизајн брендови можат истиот рецепт да го применат и на странските пазари”, вели Тамара Георгиевска од компанијата  “We and Nature”.

Spin

Концептуалната продавница  во склоп на  дизајн центарот Јавна соба од ноември 2015 ги застапува македонските дизајн брендови и ги промовира активно во земјата и надвор. Во склоп на Дизајн базарот се органзирани и работилници за деца, музички настапи како и м изненадувања за публиката.  Влезот е слободен а целодневното уживање е загарантираноWeAndNature

Brendovi

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеколку најдобри трикови чевлите да ви бидат удобни!
Следна објаваНеделна програма Јавна соба 05.01.2016 – 10.01.2016
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ