Неделен Хороскоп од 21.09 – 27.09.2015 година

OВЕН

Работа – Оваа недела е погодна за разговори со банкари и сериозни инвеститори. Би можеле да воспоставите контакти, кои ќе се покажат како многу корисни. Луѓето ќе ви веруваат бидејќи имате добар настап и знаете да го цените тоа што го прават за вас.

Љубов – Венера ви ги носи ветените новини. Во новата романска ќе влезете со отворено срце копнејќи за емотивна и сексуална хармонија.

БИК

Работа – За разлика опд првата, втората половина на неделата ќе ви донесе зголемен работен елан и висока професоналност. Обидете се тие денови да ги искористете за да ги завршите работие кои мораат да бидат готови во зададениот рок.

Љубов – Ќе ви се допадне личност од вашиот роден крај или некој со кој сте оделе заедно на училиште.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Ќе ве мачат разни грижи, најмногу врзани за финансии и имот. Ако се занимаватате со претприемаштво, можни се проблеми ако дел од имотот или парите е позајмен од роднини и сте го вложиле во во својата компанија.

Љубов – Партнерот ќе ве изненади со својата искреност и доверба. Можеби ќе дознаете нешто несекојдневно за него. Ако сте сами, ќе размените неколку провокативни смс пораки со една личност која неодамна сте ја запознале.

РАК

Работа – Меркур во овој период е спор, ќе бидете расеани, ќе заборавате и ќе бидете напнати. Може да се случи да заборавете каде сте ги ставиле некои важни документи, важни факти нема да ги видите или пак ќе се сретнете со некој стар проблем за кој мислите дека одамна е решен.

Љубов – Зголемени се шансите да сретнете личност која ќе ги реалира вашите фантазии и опасно ќе ви влезе под кожа. Пријателите и колегите ќе одиграат голема улога, било како добри советници или посредници.

ЛАВ

Работа – Пред вас е период на експанзија и значајни промени. Ако ја промените средината, во првиот момент ќе имате чувство дека се наоѓате на сосема погрешно место, меѓутоа вие нема да се повлечете од борбата за својот дел од колачот.

Љубов – Заљубени и занесени му се предавате на својот партнер страствено и непосредно. Квалитен еротски живот ќе биде основа за емотивна рамнотежа и инспирација за професионално напредување.

ДЕВИЦА

Работа – Ви следи успешен период на работа, исто така, вашиот друштвен ангажман ќе се зголеми со работа на  хуманитарен план, ќе им помогнете на ваши блиски, и ќе организирате добротворни активности.

Љубов – Интуитивното разбирање е многу важно. Вие давате голема подршка и барате исто така подршка за семејните односи од партнерот.

ВАГА

Работа – Одлично ќе се снајдете во некои преговори и презентации, а ако ви се сака, можете да бидете и моногу шармантни. Ќе постигнете забележителни резултати во спортот или тимска работа, покажуваќи колегијалност и желба за заеднички успех.

Љубов – Флертот, вам ви е омилена забава, меѓутоа тоа може да се претвори во проблем ако наидете на некој сличен на вас.

ШКОРПИЈА

Работа – Околностите ќе ве присилат на штедење и откажување , ќе морате подобро да ги контролирате вашите трошоци, вистински добро да ја испланирате вашата финансиска иднина. Ако се најдете на нов почеток, не плашете се од промени – ве водат вас во подобар живот.

Љубов – Потребата за доминација и љубомората без основа, кај повеќето од вас ќе бидат главни пречки за хармонични меѓучовечки односи и тоа не само во љубовта туку и во семејните односи. Често повеќе барате отколку што давате.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Тежнејќи за брза заработувачка ќе донесете избрзани одлуки кои вас можат да ве чинат доста време, труд и пари. Бидете разумни и внимателни, не се впуштајте во ризични проекти во колку вашата финансиска состојба не е сјајна.

Љубов – Можно е да станете цел на колегата или претпоставениот, што ќе ве изложи на стрес. Кога ќе се најдете пред зид, чувствата морате да ги заклучите на сигурно и да го послушате гласот на разумот.

ЈАРЕЦ

Работа – Возможни се потешкотии со концентрацијата а заради лошата организација на време, некои договори ќе се пролонгираат. Во почетокот на неделата ќе биде нешто подобро, ќе имате некои интересни идеи со кои можете да ја унапредите вашата работа.

Љибов – Со партнерот ве очекуваат расправии заради финансиите, тврдоглавоста и заедничката љубомора. Сепак, ќе доживеете и фантастични моменти, понекогаш горејќи еден за друг.

ВОДОЛИЈА

Работа – Ќе бидете пренатрупани со обврски, и во вас ќе тлее незадоволство заради начинот на кој некој од претпоставените се однесува кон вас. Доста добро се контролурате па и најблиските колеги нема да забележат што се случува во вас.

Љубов – За вашето срце ќе се бори личност со извонредна привлечност и сексапил, арно ама – ќе откриете многу брзо, дека се однесува неконтролирано и прилично агресивно. Ако и подарите неколку часови чисто уживање таа ќе посака да загосподари со вашиот живот.

РИБИ

Работа – Се ќе се одвива споро, доколку не внимавате, вашиот деловен и финансиски авторитет ќе почне да се руши. Внимавајте што потпишувате во почетокот на неделата, особено ако се во прашање долгорочни договори и хипотекарни кредити.

Љубов – Окупирани со кариера и со семејните проблеми тешко ќе најдете време за љубовни игри. Ќе запознаете интересни личности, меѓутоа развивање на поделикатни односи ќе биде пропратено со некои ваши дилеми и бројни ограничувања.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАнимација | „Деца“
Следна објаваИнспиративни мисли од Харуки Мураками
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ