nasl

Во последниве десетина години, читателите го познаваат Харуки Мураками по неговите романи („Норвешка шума”, „Јужно од границата, западно од сонцето”, „Спутник љубов”) во чии приказни, реалното се граничи со фантазијата, ликовите се мистериозни, а секој крај има различно толкување кај секој читател. Но, ако внимателно обрнеме внимание на она што е испишано на страниците, ќе забележиме дека во секое поглавје се наоѓаат едни од најубавите мудрости за животот, стравовите, љубовта и загубите. Во продолжение, прочитајте дел од нив кои со сигурност ќе ви дадат ново и поинакво гледиште на работите, а можеби и ќе ви помогнат подобро да се снајдете со неминовните потешкотии низ животот.

„Што и да бараш, нема да дојде во онаа форма во којa го очекуваш”.
„Дури и да можеме да се вратиме назад, сигурно нема да завршиме онаму кајшто сме почнале”.
„Кој може да каже што е најдобро? Затоа мора да ја грабнеш секоја шанса за среќа кајшто ќе ја најдеш и да не се грижиш многу за другите луѓе. Искуството ми кажува дека не добиваме повеќе од две-три вакви шанси во животот, и ако ги испуштиме, вечно ќе се каеме”.
„Фактот не е секогаш вистина, а вистината не е секогаш факт”.
1
„Ако читате книги кои сите други ги читаат, ќе го мислите само она што сите други го мислат”.
„Најважната работа што ја учиме на училиште е дека најважните работи не се учат на училиште”.
„Човечкото срце е како ноќна птица. Спокојно си чека нешто, а кога ќе дојде времето, лета право кон тоа нешто”.
„Отсекогаш сум бил гладен за љубов. Барем еднаш би сакал да знам како е да си исполнет со толку многу љубов, да не можеш да издржиш. Барем еднаш”.

61ac29a0-3df0-0133-8e8d-0e17bac22e39

„Болката е неизбежна. Страдањето е избор”.
„Секој од нас губи скапоцени нешта. Изгубени шанси, изгубени можности, чувства што не можеме да ги вратиме. Тоа значи дека си жив”.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен Хороскоп од 21.09 – 27.09.2015 година
Следна објаваGisele! Kendall! Kate! Christy! Paris Vogue слави 95 години со 4 насловни страни
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ