9-4Од кога дознавме дека  Кети Пери е новото ексклузивно лице на брендот Moschino, знаевме дека кампањата ќе биде провокативна до бескај. Првите фотографии на новата кампања за есен / зима 2015 конечно се објавени и без фалење – ние бевме во право.

Популарната пејачка храбро ја покажа кожата и стратешки се покри со најновиот дизајн на Џереми Скот. Фотографиите се дело на Inez иVinoodh студиото. Изгледот е целосно инспириран од хип-хоп и целата култура на 90-тите години.

Фанки палта и јакни во светли бои и отпечатоци инспирирани од графити, доминираат во новата кампања. Кети Пери совршено одговара наидејата и стилот на брендот Moschino и може да се предвиди дека оваа успешна модна сорабитка ќе потрае уште долго.

4-9 7-2 6-6 5-9 8-3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРајски одмор на Крит
Следна објаваПатуваме во иднината со Space X ( видео )
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ