Уметност
Воопшто не е тајна дека голем број на дизајнери, инспирацијата за своите колекции ја црпат од уметноста. Богата, повеќесллојна и сестрана каква што е, уметноста е одличен извор за инспирација од оригинални идеи.
Најчесто се користи како инспирација за креирање на фустани, а резултатите се навистина уметнички дела. Mary Katrantzou, Christopher Kane, се само некои од дизајнерите, кои успеле да не воодушеват со својата интерпретација на уметноста.
Mary Katrantzou - Runway: London Fashion Week SS14
Широки панталони
Еден од најоригиналните трендови за следната сезона се пантолоните со широки ногавици, со должина под колената. Спектакуларно и интересно решение, широките панталони кои можеме да ги носиме секој ден и во разни прилики. Tom Ford, Preen by Thornton Bregazzi, Jil Sander, Marni, Sportmax и Armani се само некои од модните куќи кои го претставија овој тенд на интересен начин.
Jil Sander - Runway - Milan Fashion Week Womenswear Spring/Summer 2015
Реси
Ресите се еден од оние трендови кои се гледаат скоро секоја сезона кај различни дизајнери, никогаш не излегуваат од мода, но секогаш се интерпретираат на понаков начин, зависи од тоа кој ги претставува. Оваа сезона интригантните реси ни доаѓаат со полно иновации и креативни стилски решенија. Модните куќи како што се Marco de Vincenzo, Angelo Marani, Fendi i Blugirl, покажаа некои многу интерсени комбинации со реси во прв план.
Giles - Runway: London Fashion Week SS14
 Спортски шик

Adeam, Alexander Wang и Milly, пролетната сезона ја отворија со еден специфичен тренд, комбинирајќи класичен и спортски изглед со интерсни бои и форми, креирајќи така свежи и привлечни комбинации.

Спортскиот шик е секогаш тука, меѓутоа во последно време стана еден од поважните трендови со посебен стајлинг. Kenzo, Viktor & Rolf, Paco Rabanne, Fay, Amanda Wakeley, Pringle of Scotland, Jean-Pierre Braganza се само некои од модните куќи, кои го презентираа спортскиот шик како еден од главните трендови за следната сезона.
Viktor & Rolf: Runway - Paris Fashion Week Womenswear Spring/Summer 2014
СПОДЕЛИ
Претходна објаваДотерувањето на еден Nissan
Следна објаваПофалба на жената
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ