Согласни околу тоа дека летото и книгите одат рака под рака поради мал милион причини, Divian Arts останува истраен во тоа да Ве мотивира и насочи како продуктивно и креативно да си го искористите слободното време во овие почетни јулски денови. Освен бројните препораки што да се чита ова лето или како да се направи читање позабавно од што е – денес Ви ја нудиме интересната перспектива на издавачката куќа Ars Libris преку која тие Ви препорачуваат дел од нивните наслови.

Нивниот сајт www.literatura.mk е вистинско место за електронска трговија со книги, каде ексклузивно се застапени изданијата на Арс ЛАМИНА (стручна литература) и нејзиниот импринт Арс ЛИБРИС (белетристика). На истото место можете да најдете светски бестселери, преводи на најнаградуваните современи автори, наслови од класична литература, како и стручна литература од најразлични области.

1

2

3

4

5

6

 Покрај можноста за купување, преку Literatura.mk имате можност и да се информирате, да коментирате и да комуницирате за сите изданија. Бидете во тек со сите нови наслови, акции и попусти додека во прилог, може да ја погледнете нивната летна понуда, како и нивниот каталог. „Лето и Ars Libris“ порачуваат: летото официјално започна!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 10 летни парфеми
Следна објаваВисоко во планините | Max Rive
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ