Не постои симфонија со само една виoлина.

Не постои слика со само една боја.

Не постои храна со само една арома.

Фондација Корона од Романија и Здружението на граѓани “Младите можат” од Македонија започнаа со имплементирање на проектот  „Лабораторија за меѓусебно разбирање: Искуси кој сум јас!” финансиран од Европската Унија. Генерална цел на проектот: Зголемување на степенот на свесност кај младите луѓе во Македонија за почитување на етничките права и мобилизрање на локални, национални и меѓународни ресурси (НВО-и, училишта и донесувачи на одлуки).


Овој проект подразбира учество на 4000 ученици со различна позадина, избрани од училишта во мешовита композиција на републичко ниво. Укажувањето на разликите како предност во градење на дијалогот, соработката и комуникацијата помеѓу младите е долгорочен метод кој прави истите да се препознаваат и синхронизираат како учесници на општеството кои треба да соработуваат. Проектот подразбира организирање на дебати, финална проекција на документарен филм и публикација која ќе биде дистрибуирана до целата македонска јавност. Не постои приказна со само еден лик…

Divian Arts медиумски ја поддржува „Лабораторија за меѓусебно разбирање: Искуси кој сум јас!”. Во прилог, следуваат фотографии од денешната прес-конференција за медиуми.

1

image (1)

image (2)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKреативно поткровје со убави детали
Следна објаваCalzedonia | машки костими за капење ’14
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ