„На плажа, на базен“ е серија фотографии на Gray Malin фотографирани од хеликоптер. Совршена птичја преспектива, Malin преку неговите фотографии ни нуди крилја со кои за момент можеме да прелетаме над плажите во Рио де Жанеиро, Дубаи или Лисабон.
„Се наоѓав на највисокиот кат во хотел во Лас Вегас и имав птичја преспектива на базенот кој се наоѓаше долу. Останав воодушевен од стотиците луѓе кои пливаа во гигантскиот базен. Го меморирав тој поглед со фотографија и токму таа фотографија беше креативната искра со која започна оваа серија. Но, фотографирањето од хеликоптер не е едноставно како од балкон, вистинскиот тајминг да се стисне копчето е многу важен, а на одредена висина, брзината со која се движи хеликоптерот и ветерот како да се сојузници кои се борат против Вас и имате само дел од секунда да создадете фотографија во вистинскиот момент.“
Секогаш од спротивната страна, ловејќи ги сончевите зраци, преку овие фотографии сме на страната на сонцето, ловејќи ги луѓето кои уживаат во совршената летна комбинација; плажа, море и сонце.

Bondi Beach, Australia

Lisbon, Portugal

St. Tropez, France

St. Tropez, France

Lisbon, Portugal

Dubai, UAE

Dubai, UAE

Bantry Bay, South Africa

Rio de Janeiro, Brazil

Rio de Janeiro, Brazil

Malibu, USA

Ocean Beach, USA














