Врските започнуваат со сомнеж, недоверба, несигурност за иднината, со милион прашања во нашите глави за што се не очекува. Се почнува од скептичност, страв од непознатото, страв од целосното предавање и откривање се’ на некој друг освен на себеси. Но велат дека најубавите работи доаѓаат со многу работа, смелост и упорност.
Токму затоа и вистинската љубов е неоткриен дијамант, за да ја видиме неговата вистинска вредност и да ја откриеме целата светкава и бесценета површина треба да продираме најдлабоко што можеме. Да ги извалкаме рацете во прашината на сите тајни и скриени мисли, несебично да ги истресеме и предадеме на ветрот. Со секое ново посегнување прашината ќе станува се полесна, поретка но истовремено и се поделикатна. Ризикот од едно такво расчистување ќе не донесе до неговата бескрајна совршеност, бескрајна длабочина која е неповредлива од времето, имуна на промените затоа што секој нов сончев зрак открива нов агол и се посовршена рефлексија на вечната светлина.
Да не ја заборавиме цврстина, која е создадена со фузијата на светлината, прашината, водата, резултат на спојот на различностите. На крајот добиваме безвремено рефлектирање на се што сме ЈАС и ТИ, односно се она што е НИЕ.
Велат љубовта не ги брои годините, ниту пак годините се доказ за љубовта, сепак секоја година помината заедно е година полна со живот.
А.Р.