Краткометражниот филм ,,Пластична кеса” (,,Plastic bag’’) од прославениот американскиот режисер Ramin Bahrani, на уникатен и моќен начин ја раскажува судбината на една пластична кеса, водејќи не на нејзиното eпско патување од супермаркетот до небесните височини. Покрај емотивниот видео приказ на приказната за животот и егзистенцијата, филмот во нарација на Wеrner Herzog суптилно поттикнува и на еколошко освестување. Прекрасно визуелно патешествие, спакувано во 18-минутно видео кое сигурно нема да ве остави рамнодушни. Погледнете го во продолжение.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСитници кои љубов значат
Следна објаваИгра со косата | Плетенки
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ