Во зима, кога има епидемијата на грип, храната богата со витамини и други хранливи состојки е од исклучителна важност.
За овошјето знаеме дека тоа е вистинска ризница на витамини, а кивито е меѓу најздравите, велат нутриционистите.

Кивито ги содржи витамините од групата B, но исто така и витамини A и C. Од другите состојки во завидни количини, исто така, има протеини, калциум и железо.

Кивитo е одличнo за идните мајки, бидејќи витамините од групата В го помагаат развојот на бебето. Благодарение на изобилството на калиум го регулира крвниот притисок, а лутеинот го штити видот. Кивито е најдобро да се јаде во свежа состојба секој ден. Покрај зголемувањето на одбранбените способности на телото, исто така, го намалува холестеролот.

Кивито е едно од најздравите овошја!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР