Присутните во преполната конференциска сала во хотелот „Александар палас“ имаа можност да ја проследат третата панел-дискусија под покровителство на „Revalid“, насловена како „Нега на косата и скалпот: Дали знаеме колку е важна?“.

Истата ја отвори Бојан Гиевски, која ги поздрави гостите со зборовите: „Косата се смета за симбол на женската убавина. Многу жени копнеат за здрава коса, но многу малку од нив се спремни да направат се за да го добијат тоа“, притоа претставувајќи ги учесниците: Лила Филиповска, тв водителка и инфлуенсер, д-р Дејан Филиповиќ, дерматолог во поликлиниката „Букурешт“ Скопје д-р Верица Ристовска, претставник на „Revalid“ и Бојан Сејменовски, фризер кој што на сцена демонстираше и подели неколку совети отолу тоа како да ја средите косата наутро во недостаток на време и да направите едноставна, но уникатна фризура.

Панел дискусијата ја започна д-р Дејан Филиповиќ кој објасни каква е анатомијата на влакното, притоа потенцирајќи дека сите слоеви се составени од мртви протеини,а  нормалните вредности на влакна што се наоѓаат на главата зависат од возраста.

Потоа д-р Верица даде осврт околу сите производи кои ги има Revalid и позборува за составот на истите и состојките кои овозможуваат свиланкаст сјај и мекост.

Сите кои што имаат проблеми со опаѓање на косaтa имаме ампули што содржат кофеин и на тој начин го закајнуваат влакното, се нанесуваат пет дена во неделата и не ја мастат косата, рече д- р Верица.

Лила пак, се обрати до сите присутни и се заблагодари што ја поканиле притоа потенцирајки дека соработката и приказната со Revalid  и е една од најдрагите затоа што станува збор за бренд кој што е исклучително квалитетен, а откако почнала да ги користи нивните препарати воочила голема разлика во однос на квалитетот на косата.

Пред да почнам да рекламирам било каков производ, морам прво да го пробам затоа што не сакам да нудам нешто што не е квалитетно, Од сите тие фарби и третирања на косата, фенирање, пеглање, виткање,  косата се оштетува и имав сериозен проблем со неа. Пробував многу препарати, но ништо не ми одговараше. После првото миење на мојата коса со Revalid успеав да добијам резултати веднаш и разликата навистина беше воочлива.  ногу ми се допаѓаат и шампонот и балсамот , а омилена ми е маската од која што сум воодушевена, влакното е посјајно, мека е, а откако ќе ја исушиш косата изгледа средено и нема потреба од дополнително третирање. Ампулата е толку мала, а толку моќна. 80 проценти од убавината на жената е чистата и негувана коса, заклучи Лила притоа додавајќи дека прво нешто што се забележува кај една жена е косата.

После обраќањето на Лила следуваше разговор со Бојан кој откри дека секоја третирана коса може лесно да се стилизира, а во рамки на „Профемина“ презентираше неколку обични  и секојдневени изгледи, односно собрана коса во опавче која што е идеална за на работа, уникатна пунџа

Мора редовно да ја пострижувате косата, морате да ја негувате, не можете да се вадите дека немате време за нега на косата, мора да најдете, истакна Бојан Сејменовски

Д-р Дејан Филиповиќ исто така подели и неколку совети поврзани со најчестите заболувања на косата

Сите проблеми со косата најчесто прво ги забележува фризерот кој откако ќе ги воочи им потенцира на клиентките да се обратат на дерматолог, рече д-р Дејан и апелираше припадничките на понежниот пол кои редовно ја фенираат својата коса да обрнат посебно внимание на негата и да ја регенерираат.

Лила ги откри и своите ритуали за нега на коса

Да не се лажеме, нема некоја посебна мантра пред бањање. Многу е важна да немате масна коса, нема ништо полошо од тоа. Не може да се бараат оправдувања од типот немам време и затоа косата не ја измив, мора да се најде време за себе и да бидеме средени, затоа што ако немаме време за нас, ќе немаме и за децата и сопрузите, до душа јас сега немам маж, но имав два и дека не се средував, се разведов, се пошегува Лила во свој стил и додаде дека мора да се најдат пет минути за да се измие косата и таа да биде чиста.  Значи, немам ритуал, освен секогаш што сум избањата и чиста, кога син ми беше мал го лажев дека ако не е чист ќе го ставам во машина за перење, и не му дозволувам да си фати девојка со нечиста коса, повторно во свој стил се пошегува атрактивната Лила, а на неа се надоврза д-р Филиповиќ кој се пожали дека неговите излагања се најдосадни затоа што се од медицински аспект, а Лила на тоа возврати: „Кој за што учел, што да ти правам. Јас сум роден забавувач, а ти доктор“. 

Д-р Верица прозборе и за исхраната која е од клучна важност кога е негата на косата во прашање,а се надоврза и Лила која апелираше жените да внимаваат кога се на диета затоа што одредени намирници поради тоа не се консумираат, а поради тоа доаѓа до опаѓање на коса и слични болести.

Третиот панел заврши со совети на тема стрес и како и на кој начин истата влијае врз косата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTory Burch зимска Holiday кампања!
Следна објаваКиви – совршено зимско овошје!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР