Британскиот модел, активист и основач на женската платформа Gurls Talk, Advoa Aboa штотуку лансираше интересна колекција на накит во соработка со брендот John Hardy.
Колекцијата содржи прстени, нараквици и обетки кои се инспирирани од уникатни семејни предмети кои се наследуваат од колено на коленото. Така на пример, колекцијата содржи троен прстен кој е заштитен знак на племето.
Advoa по мајка е во роднински односи со британското благородништво, додека нејзиниот татко е од Гана.
Колекцијата се состои од 34 парчиња накит и е именувана како AAxJH collection, за која моделот вели дека е инспирирана од нејзините пријатели, нејзината мајка и сестрите кои ги замислувала додека ја создавала колекцијата.