Еден од омилените хотели на принцезата Грејс од Монако бил спектакуларниот Hôtel de Paris Monte-Carlo кој се наоѓа во срцето на градот -држава на познатиот Place du Casino.

Принцезата Грејс остави белег во Кнежеството Монако со нејзината елеганција, шарм и великодушност и затоа овој хотел од највисоката класа, неодамна, го претстави луксузниот апартман кој го слави наследството на оваа голема дама.

Исклучителниот Princess Grace Suite се протега на 2 спрата, со површина од 910 квадратни метри исполнет со луксузни детали, како и лични предмети на принцезата – омилени песни, книги и многу други лични сувенири.

Софистицираниот модерен дизајн е надополнет со спектакуларен поглед кон морето кое би требало да биде повеќе од доволно за да се оправда високата цена од 38.000 долари за една ноќ во овој апартман.

Гостите на овој луксузен апартман, исто така, ќе уживаат во голем број на удобности, како што се приватен консиерж сервис, базен, отворена тераса со џакузи, туш-хамам и многу повеќе.

Цената, исто така, вклучува и услуга Meet & Greet servis на аеродромот или хелиодромот, како и превоз до хотелот со луксузен автомобил или хеликоптер.

Со дополнителен надомест, гостите ќе имаат привилегија да уживаат во апартманот во стилизирањето на фризурата со тимот на Rossano Ferretti или вечера подготвена од познатиот готвач Alan Dukas.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМакси фустани за оваа есен!
Следна објаваКолекција на накит од британскиот модел Advoa Aboa!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР