Иако повеќето луѓе не го разбираат тоа, омилените производи за нега на кожата понекогаш можат да бидат изработени со штетни состојки, токсини и хемикалии. Факт е дека поголемиот дел од комерцијално произведените козметички производи се изработуваат со вештачки бои, мириси, конзерванси и стабилизатори кои лесно можат да се апсорбираат преку порите на кожата, што потенцијално може да предизвика негативни здравствени ефекти.

Добрата вест е дека се уште има многу природни начини да направите вашата кожа, коса, заби или нокти – да изгледаат најдобро, без потреба да купувате скапи и штетни комерцијални производи. Жените од целиот свет со векови ги користат природните средства за нега на кожата и имаат совршена, мека и млада кожа.

Ние ви нудиме пет природни состојки кои можете да ги користите за нега и убавина на вашата кожа.

  1. Кокосово масло

Кокосовото масло е една од најупотребуваните состојки за нега на кожата. Кокосовото масло се користи за зајакнување на основното епидермално ткиво, отстранување на мртвите клетки од кожата, заштита од изгореници од сонце и содржи антибактериски, антивирусни, антифунгални и антиоксидантни својства.

Користете го кокосовото масло на вашата кожа и помогнете во чистењето и отстранувањето на шминка, побрзо лекување на рани или лузни и спречување на изгореници од брич.

  1. Мед

Медот е еден од најдобрите природни извори на хранливи материи, ензими, витамини и киселини за подобрување на состојбата на кожата. Придобивките од мед вклучуваат обезбедување хидратантски својства, содржат антисептички квалитети, поттикнување  заздравување на раните, борба против алергии или осип и помагање на намалување на лузните.

Медот, исто така, е одличен домашен природен производ за нега на кожата како лек за акни, бидејќи може да се користи во чистење на лицето дури и на чувствителни или мешани типови на кожа.

  1. Морска сол

Морската сол е богата со минерали и хранливи материи вклучувајќи магнезиум, калциум, натриум и калиум што ги апсорбира од морската вода каде што е произведена. Многу од овие минерали се исти како во нашите клетки на кожата и во рамки на нашето тело, затоа морската сол може да помогне во рамнотежа, заштита и обновување на кожата.

  1. Арганово масло

Со потекло од Мароко каде се користело со генерации, аргановото масло е одлично за лекување на кожата, бидејќи е богато со витамин А и витамин Е, различни антиоксиданти, омега-6 масни киселини и линолеинска киселина. Арганот го зголемува сјајот и здравјето на вашата кожа. Нанесете мала количина на арганово масло директно на нормална или проблематична кожа двапати дневно за лекување на иритации како што се акни, каснување од инсекти, егзема и псоријаза, оставајќи кожата да се чувствува и изгледа младо.

  1. Бадемово масло Веројатно веќе знаете за многуте придобивки од консумирањето бадеми, но можеби сте нови за користење на масло од бадеми на вашата кожа. Маслото од бадемите не само што мириса одлично, туку има анти-воспалителни, антивирусни, антибактериски и антисептички својства. Бадемовото масло е одлично за третирање на осип на кожата, акни или сувост. Исто така лесно се меша со различни мириси, па обидете се да го искористите во припрема на природни маски или лосиони за нега на лицето и телото.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕсенски лисја како совршена домашна декорација!
Следна објаваBalmain претстави нови модели кои всушност не постојат!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР